Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 19 септември 2026, 01:44 ч.
Со последната организација на настанот „КРОШУ Детската Авантура“, компанијата „Кромберг & Шуберт Македонија“ уште еднаш покажа исклучителна креативност и иновативност, издвојувајќи се пред останатите компании во земјата во делот на корпоративни настани намети за најмладите, односно за децата на своите вработени.
Изминатиот викенд, фабричкиот двор на компанијата беше трансформиран во летна оаза исполнета со водени замоци, пена-забава, маскоти, балончиња и разновидна анимација. Под мотото „Понеси си костим за капење!“, децата на вработените имаа можност да уживаат во специјално осмислена програма, додека нивните родители им овозможија на непосреден и забавен начин да се запознаат со нивното работно окружување.
Од компанијата истакнуваат дека оваа иницијатива претставува повеќе од обичен детски настан — таа е дел од нивната филозофија за општествена одговорност и поддршка на семејните вредности меѓу вработените, водејќи се од мислата дека човештвото им го должи на децата најдоброто што може да им го даде.
Фотографии: Фејсбук Кромберг & Шуберт Македонија
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025