Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Акција за пронаоѓање на вооружени лица во НП Пелистер

Објавено: 15 август 2026, 09:50 ч.

Акција за пронаоѓање на вооружени лица во НП Пелистер

На 12 август некаде после 19:00 часот, по прибрани информации од различни извори од терен, од страна на ренџерската служба на ЈУНП Пелистер предводена од директорот Иванчо Тошевски во соработка со СВР Битола беше започната акција за пронаоѓање на вооружени лица со огнено оружје кои навлегле длабоко во територијата на НП Пелистер.

Во потргата беа вклучени две патроли на НП Пелистер потпомогнати со полициски службеници од СВР Битола. Двете патроли се движеа по тешко достапен терен(2000+мнв) во текот на ноќта, независно една од друга и имаа за цел да пристапат од различни страни т.е. од правец на с.Велушина и од правец на Инфоцентар до локација на која се наоѓаа вооружените лица согласно добиените информации.

Некаде после 23:30 часот и повеќе од три часа пешачење, вооружените лица беа лоцирани во близина на локација Голема грива во зона на строга заштита. Од моментот на лоцирање на вооружените лица со сите понатамошни активности раководеа полициските службеници.

Акцијата беше завршена во раните утрински часови во четири саатот наредниот ден на 13.08.2026(четврток) со спроведувањето на лицата до полициска станица.

Соработката на ЈУНП Пелистер и СВР Битола во насока на заштита и зачувување на природата е континуирана и затоа јавно се заблагодаруваме за поддршката која ја добиваме како установа, но и за високата професионалност на раководниот кадар и полициските службеници, соопштија од Националниот парк Пелистер.

Теренот на кој се одвиваше потрагата е тешко достапен и тежок за контрола на ренџерската служба поради немање на соодветна инфраструктура за редовни патролни активности. Шумските патишта кои според сите стратешки документи на НП Пелистер требало да бидат клучни артерии за заштита на природата(противпожарна заштита и контрола на ренџерска служба) за жал биле оставени полека да пропаѓаат. Истите патишта се високо на агендата на активности на НП Пелистер и веќе се работи на нивно опоравување. Токму во тој дел на НП Пелистер каде е најголемата површина на строга заштита за жал од поединци се уште има обиди за незаконити активности, но во соработка со СВР Битола истите навремено ги спречуваме во нивните намери, појаснуваат од Националниот парк Пелистер.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми