Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 20 јули 2026, 15:30 ч.
Изминатиов викенд, на 17 и 18 јули, Општина Новаци беше центар на традицијата, музиката и заедништвото. Под покровителство на градоначалникот Стевче Стевановски, успешно се одржа петтото јубилејно издание на „Фестивалот на жетвата Новаци 2026“, настан кој уште еднаш ја потврди земјоделската гордост и културното богатство на овој крај.
Фестивалот, кој веќе стана традиционален симбол на плодната жетва, привлече голем број посетители од сите генерации кои уживаа во богатата дводневна програма.
Традиција, култура и богата музичка програма
Манифестацијата беше официјално отворена во петокот (17 јули), со свечено обраќање на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, кој ја истакна важноста на овој фестивал за зачувување на локалните вредности и поддршката на земјоделците.
Пред официјалниот дел, присутните беа почестени со настап на играорната група „Везилка“ од Новаци, која ја претстави македонската фолклорна традиција. Првата фестивалска вечер продолжи во одлична атмосфера со стенд-ап комедијата на Надица Петрова и музичките настапи на познатите естрадни уметници Анета Љумаковска и Елена Велевска.
Втората вечер (18 јули) беше резервирана за традиционален македонски мелос, каде за одличната забава и незаборавната фестивалска атмосфера се погрижија Група Фаворити, Татјана Стефановска и Благојче Стојановски Туше.
Најмладите во центарот на вниманието и вредни награди за посетителите
„Фестивалот на жетвата“ и оваа година понуди извонредна забава за целото семејство.
Двата фестивалски дена започнаа со детска радост. Најмладите уживаа во „Водените лудории“ со Кловнот Заги, креативните работилници на Fantasy Lab и урнебесната забава на замоците на дување.
Како новитет на ова јубилејно издание, фирмите учесници и изложувачи на фестивалот подготвија богата наградна игра. Во саботата навечер беа доделени вредните награди на среќните посетители, што дополнително ја зголеми возбудата на настанот.
Петтото јубилејно издание на „Фестивалот на жетвата Новаци 2026“ се заокружи како успешна манифестација исполнета со многу смеа, музика, традиција и незаборавни моменти кои долго ќе се паметат.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025