Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 14 октомври 2026, 13:05 ч.
Општина Битола ќе субвенционира дел од трошоците за чистење на оџак во домаќинствата, во фиксен износ до 1.500,00 денари по домаќинство.
Целта е поттикнување на редовно одржување и чистење на оџаците во домаќинствата, намалување на емисиите на загадувачки материи во воздухот, спречување на појава на пожари и унапредување на безбедноста на домаќинствата.
Доколку фискалната сметка за извршената услуга изнесува помалку од 1.500,00 денари, Општината ќе го надомести износот во висина на износот наведен на фискалната сметка.
Јавниот повик ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“, од денот на неговото објавување 14.10.2026 година, заклучно со 06.11.2026 година, односно, до искористување на обезбедените финансиски средства.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025