Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 27 септември 2026, 09:29 ч.
Преку креативна младинска герила акција со поставување инсталација на симболичен катанец, младите од Ресен испратија порака против корупцијата: таа ги „заклучува“ правдата, развојот и иднината, но клучот за промена е во рацете на секој поединец преку личното дејствување и интегритет.
Акцијата во Ресен е дел од пошироката регионална кампања за подигање на свеста кај младите, која деновиве опфати и инсталација со сообраќаен семафор во Демир Капија како потсетник дека пред коруптивните дејствија мора да се застане.
Инсталацијата во Ресен привлече внимание кај локалните ученици и граѓани, поттикнувајќи дискусија за важноста на чесноста, еднаквите можности и активната улога на заедницата во борбата против неправилностите.
Кампањата се спроведува во рамките на проектот „Youth for Integrity: Expanding Anti-Corruption Youth Action in North Macedonia (Phase II)“, кој го имплементира тимот на „Аналитика Скопје“ во партнерство со IGI Гостивар и Организацијата на жени од Струмица (ОЖС), а со поддршка од програмата Zivik преку средства од Германското сојузно Министерство за надворешни работи. Организаторите најавуваат продолжување на герила акциите и во другите региони низ земјата.
Фотографии: Фејсбук Analytica
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025