Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 4 јуни 2026, 15:10 ч.
Фотографија на бебе желка од Голем Град, Преспа: Драган Арсовски, Македонско еколошко друштво
Островот Голем Град продолжува да го привлекува вниманието на меѓународната научна јавност. Здружен тим на истражувачи од Република Северна Македонија, Србија, Грција и Франција учествуваа во годишните студии на неколку видови влекачи, меѓу кои змиите-рибарки, поскокот и шумската желка.
„Овогодинешните истражувања укажуваат на позитивните ефекти на необично влажната пролет, видливи не само во нивото на езерската вода и во снежните покривки на високите падини на Галичица и Пелистер, туку и во големиот број на заловени и обележани животни на Голем Град (>500). Меѓу другото, за прв пат по многу години успеавме да обележиме голем број на бебиња и млади шумски желки. Тие се поактивни од вообичаено заради обилната храна во интензивната зелена пролетна покривка на островот. Ова навидум нуди надеж за оваа популација на која ѝ се ближи истребување, но сепак, најверојатно е само резултат на влажната пролет, додека пак малиот број на јајца забележани во островските женки, во споредба со оние од копното, нѐ потсетува на трагичната судбина на оваа популација. Можеби следната година ќе сведочиме подобра ситуација потпомогната од наталожените резерви од оваа година, но генералните климатски проекции ни укажуваат дека оваа година е само исклучок во една многу сушна иднина“ - објаснува д-р Драган Арсовски од Македонското еколошко друштво.
Долж крајбрежјето на Преспанското Езеро е веќе отпочнат мониторингот на повеќе видови птици, вклучувајќи ги големиот северен нуркач, белиот пеликан и секако кадроглавиот пеликан - како еден од најрепрезентативните симболи на Преспа. Овие истражувања овозможуваат континуирано следење на состојбата со нивните популации и навремено препознавање на потенцијалните закани со кои се соочува живиот свет во езерскиот екосистем.
Особено внимание се посветува и на влажните живеалишта и нивните жители. Во фокусот на истражувањата се македонскиот мрморец, жолтиот мукач и блатната желка - клучни видови чиј мониторинг дава значајни информации за состојбата со влажните екосистеми, кои сè почесто се изложени на притисоци од климатските промени и човековите активности.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025