Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 9 септември 2026, 10:34 ч.
По повод 8 септември денот на независноста, повеќе од 3000 битолчани и посетители од соседни општини беа дел од еден сосема поинаков музички настан на Пелистер.
Осумчасовната забава со Svaba, KeeKetz, Дупер и ConTruDJ, надополнета со магијата на Пелистер, љубовта на битолчани за природата и желбата за едно поразлично дружење, прерасна во настан за паметење.
Битолчани повторно покажаа дека се пример за тоа како достоинствено и културно се прославува и истовремено се промовира она што е наше најголемо богатство. Настанот беше организиран од Национален парк Пелистер во соработка со Project 7000 и со поддршка на Општина Битола, Prespa Ohrid Nature Trust - PONT и Министерството за животна средина.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025