Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Во Битола има 180 апликации за грантови за самовработување

Објавено: 4 јули 2026, 15:32 ч.

Во Битола има 180 апликации за грантови за самовработување

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво-ИНОВА Даниела Димовска, како и градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски и Претседателот на Советот на Битола, Бојан Бојкоски ги посетија регионални канцеларии на Агенцијата за вработување во Прилеп и Битола.

За време на посетата со раководителите на регионалните канцеларии и вработените во центрите дискутираа за текот на пријавувањето за јавните повици, како и за потенцијалите предизвици со кои се соочиле и ги надминале за време на поднесувањето на пријави.

– Денес е последниот ден на аплицирањето за јавните повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант и интересот е голем во целата држава и центрите за вработување беа преполни со заинтересирани граѓани. Сакам да им се заблагодарам на вработените кои овие две недели со нивната професионалност и посветеност на работата беа на ниво на задачата, успешно се справија со сите предизвици и излегоа во пресрет на сите граѓани – кажа заменик-министерот Ристески.

Тој потенцираше дека интересот е многу висок за трите јавни повици и дека пред почетокот на последниот ден од аплицирањето на државно ниво надмината е бројката од 5.000 лица.

– По историски големиот интерес минатата година, како и пристигнатите над 5.000 апликации досега, се потврдува исправноста на нашата одлука за зголемување на обемот на средствата од Оперативниот план за оваа мерка и проширување на опфатот за дополнителни 300 лица. Исклучително сум задоволем од бројот на апликации, кои само потврдуваат дека нашите граѓани сакаат да работат, сакаат да имаат сопствен бизнис и имаат одлични и иновативни идеи – додаде Ристески.

Ристески го искажа своето задоволство и од големиот интерес за мерката во Пелагонискиот регион, каде во Прилеп до вчера пристигнале 311, а во Битола 180 апликации.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми