Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 2 септември 2026, 09:50 ч.
Строгиот центар на Битола се соочува со нова лоша глетка. Зад управната зграда на ЈП „Стрежево“, локација која секојдневно ја фреквентираат стотици граѓани, изникна дива депонија полна со секаков вид отпад.
На самата јавна површина се расфрлани парчиња од стар мебел, распаднати картонски кутии, пластични ќеси, градежен шут и комунален отпад. Жителите и минувачите кои секојдневно поминуваат низ овој дел од градот реагираат со огорченост, истакнувајќи дека ваквата слика во самиот центар не само што е визуелна срамота, туку претставува и потенцијална опасност по здравјето и безбедноста, посебно во летниот период.
„Неверојатно е како во строгиот центар на градот, луѓето без срам истовараат кабаст отпад. Ова е производ и на неодговорноста на поединци“, коментира револтиран битолчанец.
Граѓаните бараат итна интервенција од ЈКП „Комуналец“ за расчистување на теренот, но и поригорозни контроли и казни од страна на комуналната инспекција за да се спречи повторно создавање на диви депонии на оваа локација.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025