Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 17 јуни 2026, 19:07 ч.
Oпштина Битола ќе го организира вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој ќе бидат презентирани предлог-идеите за идниот изглед и уредување на овој значаен јавен простор.
Форумот ќе се одржи на 23 јуни, со почеток во 12:00 часот, во Офицерскиот дом во Битола.
Од Општината ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот, да се запознаат со предложените решенија и активно да се вклучат во процесот на креирање на идниот изглед на плоштадот „Гоце Делчев“.
Целта на форумот е преку транспарентен и инклузивен процес да се слушнат мислењата и предлозите на граѓаните, со што ќе се придонесе за поквалитетно уредување на јавниот простор во централното градско подрачје.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025