Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Христина Сервини - Првенец на генерацијата 2022-2026 на СОУ "Таки Даскало" - Битола

Објавено: 7 јули 2026, 17:20 ч.

Христина Сервини - Првенец на генерацијата 2022-2026 на СОУ "Таки Даскало" - Битола

Со одлука на Наставничкиот совет на СОУ "Таки Даскало" - Битола, Христина Сервини, матурантка во гимназија, билингвална паралелка англиско-македонска, е избрана за Првенец на генерацијата 2022-2026.

Во текот на средното образование се истакна со континуиран одличен успех (5,00), висока одговорност, дисциплина и посветеност кон наставните и воннаставните активности. Добитник е на второ место на натпреварот МАССУМ за најдобро кариерно портфолио на државно ниво, со што ја потврди својата креативност, професионалност и посветеност во планирањето на сопствениот кариерен развој.

Во текот на четиригодишното средно образование активно учествуваше на повеќе хакатони и натпревари за претприемништво и иновации низ Македонија, организирани од Junior Achievement Macedonia.

Особен интерес покажува во областа на информатиката, веб-програмирањето и дигиталните технологии, а има завршено и обука за Front-End Developer. Ги сака јазиците и активно ги усовршува англискиот и германскиот јазик.

Во текот на своето образование учествуваше во осум Erasmus+ младински размени и меѓународни проекти во бројни европски држави, стекнувајќи искуство во интеркултурна комуникација, тимска работа и лидерство.

Активно е вклучена во волонтерски и општествено корисни активности како волонтер во Sfera International, каде учествува во младински проекти, работилници и локални настани.

Во училиштето редовно придонесува во организацијата на патронати, приредби и други училишни активности. Нејзините професори ја опишуваат како одговорна, организирана, упорна и комуникативна ученичка, со изразено логичко размислување, креативност и желба за постојано усовршување. Во иднина планира да ги продолжи студиите во областа на информатичките науки и софтверското инженерство, со цел да изгради успешна професионална кариера како програмер.

Со своите резултати, труд, посветеност и активен придонес во училиштето и заедницата, Христина Сервини претставува пример за успешен, амбициозен и одговорен млад човек, достоен носител на признанието Првенец на генерацијата, соопштија од училиштето.

Честитки за Христина Сервини и уште поголеми успеси понатаму!

 П.Н.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми