Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Има ли Битола „кафулиња со мисија“? АРНО бара локали кои ќе ја стават Македонија на европската мапа!

Објавено: 14 јули 2026, 13:20 ч.

Има ли Битола „кафулиња со мисија“? АРНО бара локали кои ќе ја стават Македонија на европската мапа!

Кафулињата во Битола отсекогаш биле повеќе од обични места за пиење кафе, тие се простор за муабет, за дебати, култура и креирање приказни. Но, дали знаете некој локал кај нас што има специфична општествена, културна или граѓанска мисија и функционира како „Purpose Café“?

Здружението за социјални иновации АРНО, во соработка со европската платформа Europa Cafes, започна мисија за мапирање на токму вакви места низ Македонија – простори каде што живеат културата и дијалогот, каде што профитот често се реинвестира во заедницата и каде луѓето се вмрежуваат за повисоки цели.

Кафулиња кои го менуваат општеството

За да се разбере концептот, доволно е да се погледнат неколку европски примери:

Виена го има Vollpension – место за сите генерации, каде колачите ги подготвуваат и послужуваат пензионери со цел нивна социјализација.

Будимпешта се гордее со Never Give Up – кафуле кое вработува лица со попреченост.

Тирана го има Destil Creative Hub – културен центар за перформанси, дебати и читачки клубови.

Прашањето е: Што има Македонија, а што има Битола и регионот да понудат на оваа мапа?

„Целта е овие места да станат повидливи, подобро поврзани и препознаени како суштински општествени, културни и демократски инфраструктури во Европа. Сакаме да ја ставиме нашата земја на мапата!“, велат од АРНО.

Кој е веќе на листата, а кој недостига?

Граѓаните веќе почнаа да споделуваат предлози низ земјава, па на почетната листа се најдоа места како: Kult Kulturen Centar, Илика, Кафе-книжарница „Долапче“, Дуќан, Shilla – coffee & bar, Tarantino Pub, Комбо Комбо, Srekja Bar Food, Dnevna Event, Oud Coffee Co., Public Room, Shuma Concept Cafe, Metanoja Cafe Gallery, Pogon Bar, Kombo Creative Studio и Kafe Breza…

Но, листата не е конечна! Битолската чаршија и широк сокак сигурно кријат уште катчиња кои заслужуваат европско признание и видливост.

Како да пријавите локал?

Ако знаете кафуле, бар или алтернативен простор во Битола или околината што одговара на овој опис, пријавете го!

Каде да пишете: На социјалните мрежи на АРНО или директно на нивниот мејл: arno.mkd@gmail.com

Краен рок: најдоцна до 19 јули 2026 година.

Да помогнеме нашите автентични локални простори да станат дел од европската мрежа на кафулиња со мисија!

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми