Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 20 октомври 2026, 12:48 ч.
Организацијата „ПОРАКА НОВА“ организира интерактивната инфо-сесија со наслов „Од идеја до NFT: Младите создаваат кампањи за општествени промени“.
Настанот ќе се одржи на 26 октомври во Студентскиот Информативен Центар при УКЛО во Битола, во период од 12:00 до 14:00 часот.
Оваа сесија има за цел да ги запознае учесниците со иновативната платформа Social Impact NFTs и да покаже како современите технологии – како вештачката интелигенција (AI), блокчејн (blockchain), NFT и дигиталниот маркетинг – можат да се искористат како моќна алатка за промоција на општествени каузи, поголема видливост на граѓанските организации и поттикнување на младинската креативност.
Инфо-сесијата е организирана во рамките на проектот SINFT поддржан од Европската Унија. За учество не е потребно претходно техничко знаење – добредојдени се сите младински ентузијасти кои сакаат да научат нешто ново, велат организаторите.
Во рамките на инфо сесијата ќе има и практична работилница во која групите ќе развиваат концепти за кампањи, ќе генерираат дигитални слики преку вештачка интелигенција и ќе подготвуваат приказни за своите NFT креации.
Како продолжение на овие активности, од „ПОРАКА НОВА“ дополнително го најавуваат и интернационалниот онлајн вебинар, кој ќе се одржи на 4 ноември 2026 година во 17:00 часот. Вебинарот се организира по повод официјалното лансирање на глобалната платформа за дигитални кампањи за општествено добро – sinft.net.
Активностите се наменети за оние кои сакаат да откријат како дигиталните технологии можат да станат носители на позитивни промени во заедницата.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025