Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 22 јули 2026, 15:54 ч.
Секојдневното чистење на помошните простории за една битолчанка не помина вообичаено, откако вчера во селото Лавци била пронајдена неексплодирана граната која датира уште од периодот на Втората светска војна.
Случајот во полицијата бил пријавен вчера, 21.07.2026 година, во 12:30 часот.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи Битола, 53-годишната С.М.С. од Битола пријавила дека додека ја чистела плевната во битолското село Лавци, наишла на сомнителен експлозивен предмет. Жената веднаш ги прекинала активностите и ги известила надлежните органи.
По пријавата, на терен веднаш излегле стручни екипи за справување со вакви опасни направи.
Безбедно отстранета од пиротехничари
Гранатата е успешно и безбедно подигната од страна на лиценциран пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Битола.
По извршениот стручен увид на местото на настанот, било констатирано дека се работи за остаток од Втората светска војна, која со децении стоела скриена и претставувала потенцијална закана. За среќа, благодарение на брзата и присебна реакција на битолчанката, како и професионалноста на пиротехничарите, гранатата е неутрализирана пред да предизвика посериозни последици.
Битолскиот регион, поради својата историја и воените дејствија во минатото, сè уште е подрачје каде релативно често се наоѓаат неексплодирани убоити средства (НУС).
Надлежните апелираат до граѓаните, доколку забележат вакви или слични предмети, воопшто да не ги допираат или поместуваат, туку веднаш да ја известат полицијата или ДЗС.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025