Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 17 јуни 2026, 18:44 ч.
Полициски службеници од СВР Битола пронајдоа 46 пакувања со марихуана на потегот меѓу селата Лажец и Граешница, откако осомничено лице не застанало на полициска наредба и побегнало од местото.
Како што соопшти МВР, вчера околу 18:45 часот, при преземање службени дејствија, полицајците забележале едно лице кое не постапило по издадена усна наредба за запирање. Еден од полициските службеници испукал три предупредувачки куршуми во воздух, но лицето продолжило да бега, притоа фрлајќи торба.
При пребарување на теренот, полициските службеници пронашле три торби во кои имало вкупно 46 пакувања марихуана.
Се преземаат мерки за идентификување на лицето и за целосно расчистување на случајот.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025