Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 10 септември 2026, 21:43 ч.
Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен ги известува граѓаните дека во сабота (12 септември 2026 година), во периодот од 07:00 до 12:00 часот, ќе дојде до намален притисок во снабдувањето со вода за пиење, а на места и до прекин.
Причина за ова е најавениот прекин во снабдувањето со електрична енергија од страна на Електродистрибуција, што директно ќе се одрази врз работата на водоводниот систем.
Намалениот притисок, а на одредени места и целосен прекин на водата, најмногу ќе се почувствува во повисоките зони од градот, како и во населените места на потегот од Царев Двор до Козјак и Сирхан.
Од ЈКП „Пролетер“ апелираат до жителите од овие региони навремено да обезбедат потребни количини вода за основните потреби во наведениот временски период.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025