Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Како помина првиот ден од битолскиот Чкембе фест - Од котлето на традицијата до иднината на гастрономскиот туризам

Објавено: 9 октомври 2026, 23:04 ч.

Како помина првиот ден од битолскиот Чкембе фест - Од котлето на традицијата до иднината на гастрономскиот туризам

„Од котлето на традицијата до иднината на гастрономскиот туризам“ е мотото на првото издание на манифестацијата „Чкембе фест Битола 2026“, која денеска започна во Битола.

Организатори се Здружението за културни, уметнички, традиционални и забавни активности „Гурман плус“ Битола и Здружението за угостителство и туризам „Еснаф“ од Битола, а со поддршка на Општина Битола.

Свеченото отворање беше на плоштадот „Магнолија“ каде пригодно обраќање имаше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. „Замислата на организаторот која е за поздравување е што посебен акцент се става на идејата традицијата да се претвори во современа туристичка и гастрономска понуда, преку која препознатливите вкусови, рецепти, обичаи и гостопримството на Битола ќе бидат претставени пред домашните и странските посетители. Гастрономијата и туризмот, културата и забавата, како инспирација за амбицијата фестивалот, односно Битола да добие уште еден препознатлив настан кој ќе прерасне во традиционален“, истакна градоначалникот Коњановски.

Програмата предвидува и голем гастрономски натпревар и натпревари во подготовка на чкембе специјалитети, понуда на чкембе чорба од казан, презентација на храна и пијалоци од излагачи и производители на органска храна и презентација на македонското културно наследство.

Во рамките на трите фестивалски денови и трибина на тема „Балканска кујна-традицијата и актуелните тенденции во туризмот и угостителството“.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми