Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 8 септември 2026, 14:01 ч.
Акциска контрола на подрачје на СВР Битола заврши со 52 санкции за возачи на мопеди и мотоцикли и 25 казни за возачи на електрични тротинети.
На 07.09.2026 во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачјето на СВР Битола е спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на мопеди и електрични тротинети. За време на контролата преземени се 52 мерки против возачи на мопеди и мотоцикли, од кои 33 за некористење на заштитен шлем – кацига, четири за возење под дејство на алкохол, пет за необновена полиса за осигурување, еден за измината важност на сообраќајната дозвола и девет останати прекршоци. Исто така, за време на акциската контрола преземени се 25 мерки против лица кои управувале електрични тротинети. Од нив 17 за некористење кацига и рефлектирачки елек навечер, две за управвуање по несоодветна површина, една против лице кое не наполнило 18 години и пет останати прекршоци, информира МВР:
При контролата откриени се и осум кривични дела по член 297-а од Кривичниот законик и одземени се осум моторни возила.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, порачаа од МВР.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025