Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 19 мај 2026, 12:56 ч.
Психолошкото советувалиште на УКЛО КОЛОРС одржа работилница посветена на унапредување на менталното здравје кај студентите преку арт терапија – метод кој сè повеќе се применува во светот, а своја примена наоѓа и кај нас.
Од Советувалиштето посочија дека целта е студентите поблиску да се запознаат со арт терапијата, но и да се потсетат дека тоа им стои на располагање за индивидуална и групна поддршка. Активностите ги реализираат проф. д-р Драгана Батиќ од Факултетот за безбедност во Скопје и проф. д-р Гордана Ристевска – Димитровска, од Високата медицинска школа - Битола.
Работилницата ја водеше Цветанка Штерјова-Бурзевска, лиценциран психолог, гешталт психотерапевт, арт терапевт и тренер по арт терапија.
Студенти од повеќе единици на УКЛО имаа можност преку цртеж и креативен процес да се запознаат со начинот на кој сликите и симболите можат да помогнат во полесно изразување на емоциите, намалување на анксиозноста и воспоставување емоционална рамнотежа. Фокусот на работилницата беше ставен на личното доживување и процесот, а не на естетиката на цртежот.
Според Штерјова-Бурзевска, преку едноставни техники на цртање студентите воспоставуваат подобар контакт со себе, а ваквиот пристап помага во ослободување од стресот и напнатоста за време на учењето и полагањето испити.
По работилницата што се одржа на 18 мај 2026 година, студентите ги споделија своите впечатоци и добија практични насоки коишто можат да ги применуваат во секојдневниот живот.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025