Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 14 септември 2026, 14:05 ч.
Компанијата „Кромберг & Шуберт – Битола“ традиционално, по осми пат, ги додели годишните стипендии за студентите при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО), продолжувајќи ја својата заложба за поддршка на младите таленти и високото образование.
За академската 2026/2027 година, нов добитник на стипендијата е студентот Теодор Трајановски, кој ги исполни високите критериуми на компанијата и стана дел од оваа стипендиска програма. Покрај него, согласно остварените резултати, стипендиите им беа успешно продолжени и на четирите претходни стипендисти: Катерина Николовска, Дарко Талевски, Никола Најдовски и Андреј Баковски.
На свеченото доделување присуствуваа и високи претставници од Битолскиот универзитет, предводени од Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, раководителката на Центарот за кариера, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, д-р Гоце Марковски – советник за кариера, Алумни и доживотно учење, како и Даниела Андоновска Крстанова – виш соработник во истиот центар.
Од раководството на „Кромберг & Шуберт“ изразија благодарност до универзитетскиот кадар за долгогодишната успешна соработка, со желба истата да продолжи и во иднина. Од компанијата порачаа дека квалитетното образование е клуч за успешна иднина и создавање професионалци кои ќе ги носат иновациите во општествот
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025