Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 31 мај 2026, 11:48 ч.
Претставници на Општина Крушево, заедно со директорот на ЈП „Комуна“ – Крушево Благојче Јанески, беа во официјална работна посета на Нингбо, Народна Република Кина.
Целта на оваа посета беше размена на добри практики, воспоставување соработка и запознавање со современите глобални стандарди во сферата на екологијата, комуналното управување и туризмот.
Делегацијата оствари посета на реномираната фабрика за трансформација на отпадот во енергија Ningbo Dongqiao Environmental Protection, каде одблиску се запозна со овој напреден процес (Waste-to-Energy).
Ова искуство е од исклучително значење за лоцирање на нови, еколошки решенија за управување со отпадот во нашата општина.
Продолжуваме со градење меѓународни партнерства кои носат нови перспективи, знаења и развој за нашето Крушево, порачаа од македонската делегација.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025