Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

По четврти пат се организира летна пракса за 40 студенти од УКЛО

Објавено: 23 јуни 2026, 12:44 ч.

По четврти пат се организира летна пракса за 40 студенти од УКЛО

Општина Битола, во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО), и ова лето ја продолжува успешната традиција на унапредување на практичната настава за младите. По четврти пат, двете институции организираат универзитетска летна пракса која овозможува поголемо вклучување на студентите во работата на локалната самоуправа.

Оваа година, вкупно 40 студенти ќе добијат прилика да стекнат реално работно искуство. Нивниот ангажман ќе биде распределен низ различни одделенија на Општина Битола, во Советот на општината, како и во јавните претпријатија под надлежност на локалната самоуправа.

Градоначалникот Тони Коњановски им посака успешна пракса на студентите, нагласувајќи дека ваквите програми се од клучно значење за приближување на младите до институциите и за нивното разбирање како сервис на граѓаните. За време на разговорот со практикантите, Коњановски сподели и искуства од странство, каде што младите активно се вклучуваат во општинските администрации и тоа го гледаат како одлична шанса за професионален развој и општествена одговорност.

Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, истакна дека моделот што го применуваат Општина Битола и универзитетот веќе четири години претставува пример кој почнале да го следат и други државни институции, што е директна потврда за успешноста и квалитетот на оваа програма.

Праксата ќе се реализира во текот на месеците јули, август и септември.

Секој студент ќе биде вклучен во процесите во период од еден месец. За својот ангажман, студентите ќе добијат месечен нето надоместок во износ од 10.000 денари.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми