Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 26 јули 2026, 12:33 ч.
Водата за пиење од градските водоводи во Битола, Демир Хисар, Ресен и Кичево е целосно безбедна, покажуваат анализите на ЈЗУ Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) Битола. Според ЦЈЗ Битола, во текот на 2026 година биле анализирани 418 примероци од градските водоводи, при што сите покажале 100% бактериолошка и физичко-хемиска исправност.
Од друга страна, анализите на локалните селски водоводи, како и на крајпатните и споменичните чешми, покажале висок процент на бактериолошка неисправност. Во дел од примероците биле изолирани колиформни бактерии, кои укажуваат на фекално загадување и претставуваат сериозен ризик за здравјето.
Од ЦЈЗ Битола апелираат граѓаните при престој на планина, излетнички и туристички места да користат флаширана вода или вода наполнета дома од градски водовод. Потсетуваат дека исправноста на водата не може да се утврди според изгледот, мирисот или вкусот.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025