Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 2 јули 2026, 14:00 ч.
Ноќва во Демир Хисар полицијата лиши од слобода две лица од ресенско, откако при контрола во нивниот автомобил биле пронајдени две ловни пушки и муниција за кои немале соодветна документација.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 02.07.2026 година, околу 01:00 часот по полноќ, на улицата „Битолска“ во Демир Хисар. Полициски службеници од ОВР Демир Хисар извршиле преглед на патничко моторно возило „пежо“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.С. (41).
При прегледот на возилото, полицијата открила две ловни пушки спакувани во футрола и 16 парчиња муниција.
„Лицата Г.С. (41) и Т.И. (37), двајцата од ресенското село Арвати, не поседувале дозволи за носење и поседување на оружјето, по што веднаш се лишени од слобода“, соопштуваат од полицијата.
Од страна на ОВР Демир Хисар случајот се документира, а по комплетирање на сите материјали, против двете лица ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025