Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Мастерклас во Битола: Младинската мобилност како можност, а не само загуба - младите дебатираат за причините за барање можности надвор

Објавено: 16 септември 2026, 13:35 ч.

Мастерклас во Битола: Младинската мобилност како можност, а не само загуба - младите дебатираат за причините за барање можности надвор

Во Студентскиот информативен центар (СИЦ) при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) се одржа мастерклас на тема „Одлив на мозоци или циркулација на мозоци? Преиспитување на младинската мобилност“, посветен на еден од најклучните предизвици за младите во Македонија и регионот на Западниот Балкан.

Настанот, кој се одржа на 10 септември 2026 година, го организираше Димитар Атанасовски, Млад европски амбасадор, како дел од кампањата „ЕУ со ТЕБЕ“, во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и „Europe House Битола“.

Фокусот на дебатата беше насочен кон причините поради кои младите избираат да студираат, работат и живеат во странство, но и кон можностите за нивно враќање или одржување активна врска со матичната земја. Наместо младинската мобилност да се третира исклучиво како негативен феномен („одлив на мозоци“), учесниците дискутираа за концептот „циркулација на мозоци“ — идеја според која меѓународното искуство и стекнатите знаења можат да се претворат во можност за развој на локалните заедници.

Главни говорници на дебатата беа д-р Ана Ристевска, Андреј Гулабовски и проф. д-р Рената Петревска-Нечкоска. Во рамките на интерактивната дискусија, која ја модерираше Мартин Кочишки, присутните млади имаа можност отворено да разговараат, да поставуваат прашања и да ги споделат своите ставови.

Како еден од главните заклучоци од мастеркласот се издвои потребата од создавање услови во кои младите ќе можат професионално да напредуваат, додека истовремено со своето знаење, искуство и мрежа на контакти ќе придонесуваат за напредокот на сопствената средина.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми