Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 23 мај 2026, 10:47 ч.
Фотографијата е снимена од локални жители на село Црнобуки
Пелагонискиот регион е на нозе, а меѓу населението и експертите се отвора сериозна дилема: дали низ селата и градовите деновиве шета една иста дезориентирана мечка, или пак се работи за повеќе различни единки кои истовремено се спуштија од планинските масиви?
Најновата паника ја предизвика утринската снимка на жителите од селото Црнобуки, кои снимиле мечка во атарот на соседното село Пригари. Фотографијата заедно со апел за претпазливост ја објавија на социјалната мрежа Фејсбук.
Оваа локација е на значителна оддалеченост од претходните места во битолско каде што беше забележена мечка, што ги подгреа сомнежите дека регионот се соочува со вистинска „наезда“. Локалното население апелира на максимална внимателност.
Се претпоставува дека се повеќе мечки заради локациите и времето во кое се појавува дивечот изминативе денови. Тоа ја наметнува теоријата дека е речиси невозможно едно животно да помине толку големи растојанија за толку кратко време и во различни правци.
Деновиве на повеќе локации во Битола е снимена мечка, односно во близина на градскиот стадион, во градскиот парк и под Тумбе кафе. Според видеата кои ги споделуваа граѓани кои ја виделе, се работи за млада мечка, која исплашено бега штом слушне звук на автомобил или луѓе.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025