Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 21 мај 2026, 23:03 ч.
Откако се проширија снимки од мечка која трча низ Битола, локалните претприемачи и медиуми не губеа време и веднаш го искористија овој неочекуван настан за одличен маркетинг и хумор по кој битолчани се добро познати.
„Кафе конзул“ веднаш објави реклама во која се пошегува дека мечката дошла да се заслади со нивните познати палачинки.
Од друга страна, регионалниот информативен магазин „Ево.мк“ излезе со своја забавна приказна, тврдејќи дека мечката, откако слушнала дека сите македонски медиуми информираат за неа, решила лично да дојде во Битола за да провери на „Ево.мк“ што точно се пишува за нејзината популарност.
Сепак, зад хуморот се крие и реална загриженост. Животното, кое според снимките изгледа како младо мече, било снимено како трча по патот додека зад него се движи автомобил. Настанот се случил на улицата „Македонска Фаланга“, лоцирана во близина на градското шеталиште, под Тумбе Кафе и кај стадионот.
Како мечето трча низ градскиот парк може да се види на следниот линк:
https://www.facebook.com/reel/4454304721514372
Оваа локација предизвика сериозна вознемиреност кај битолчани, со оглед на тоа што Градскиот парк е исклучително фреквентно место кое секојдневно го посетуваат родители со мали деца и пензионери. Дополнително, на самата улица каде што е снимено животното се наоѓаат Средното медицинско училиште и Техничкиот факултет, а во непосредна близина е и средношколскиот дом „Мирка Гинова“. Граѓаните веднаш реагираа и побараа брза реакција од надлежните за да се избегне некаква несакана ситуација.
По повод овој настан, градоначалникот на Битола преку социјалната мрежа Фејсбук информираше дека се алармирани сите надлежни органи.
Иако мечето засега е мирно и веднаш се повлекува, сепак се работи за диво животно. Зато познавачите даваат неколку важни препораки до граѓаните, односно ако некој го забележи, да не се обидува да му се приближи за да го слика или храни. И уште поважно, опасно е ако во близина е мајката на мечето бидејќи малите мечиња ретко се целосно сами, а мајките мечки можат да бидат заштитнички настроени ако почувствуваат дека нивното младенче е загрозено. Затоа, во таков случај најдобро е животното да не се вознемирува, а локацијата каде што е видено веднаш да се пријави во полиција.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025