Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 1 октомври 2026, 20:05 ч.
Учениците од профилот Медицински сестри при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, кои членуваат во Здравствено-едукативната секција, остварија топла меѓугенерациска средба со корисниците во Дневниот центар за стари лица со активно стареење.
Под менторство на стручните наставници Наташа Ванчева и Ленче Јованоска, идните медицински работници поминаа ден исполнет со разговоaри, дружење и споделување животни искуства со повозрасните сограѓани.
За време на посетата беше изработено симболично „Дрво на правата на старите лица“, каде корените ја симболизираат почитта и достоинството, додека гранките ги претставуваат правата, потребите и вредностите на повозрасните генерации.
Посебен акцент на настанот беше ставен на создавањето на „Книгата на меѓусебното учење“, каде учениците и постарите лица ги запишуваа своите размислувања за тоа што можат да научат едни од други:
Младите од повозрасните: Животно искуство, трпение, мудрост, почит, истрајност и вредноста на семејството.
Повозрасните од младите: Совладување на новите технологии, современи начини на комуникација, свежи идеи и младешка енергија.
Преку оваа хуманитарна и едукативна активност, средношколците покажаа дека покрај медицинските знаења, емпатијата и човечноста се клучни за нивната идна професија, потврдувајќи дека генерацискиот мост се гради врз взаемна почит и љубов.
Редакција
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025