Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 6 август 2026, 20:42 ч.
Градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски, најави нов значаен проект за подобрување на енергетската ефикасност и модернизација на три клучни јавни објекти во општината. Инвестицијата е во вкупна вредност од 24,8 милиони денари и опфаќа реконструктивни зафати во две основни училишта и една спортска сала.
Со проектот се предвидени обемни градежни и технички подобрувања во три објекти. ООУ „Браќа Миладиновци“ во с. Добрушево ќе добие нова енергетски ефикасна фасада со топлинска изолација, целосна реконструкција на покривот, замена на старата со нова ПВЦ столарија и нов систем за одведување на атмосферски води. Во внатрешноста ќе се постави нов спуштен плафон со топлинска изолација, нов котел на пелети со радијаторско греење, ќе се изврши молерисување и ќе се инсталира фотонапонска електроцентрала.
Инвестиции се најавени и во ООУ „Кочо Рацин“ во с. Ивањевци. Ова училиште исто така ќе добие нова термоизолациска фасада, ПВЦ столарија, нов спуштен плафон, како и целосно нова електрична инсталација, малтерисување и бојадисување. Ќе биде инсталиран нов котел на нафта со нов систем за греење, а на објектот исто така ќе се постави фотонапонска електроцентрала.
Што се однесува до спортската сала „Иљо Лопатички“ во Могила, проектот предвидува доградба на нова котлара со автоматски котел на биомаса (пелети), нов топловоден приклучок, резервоар и оџак. Во салата ќе се постави нова внатрешна грејна инсталација со радијатори и грејни тела, ќе се изврши модернизација на осветлувањето и ќе се инсталира фотонапонска централа.
Од Општина Могила истакнуваат дека со реализацијата на овие зафати ќе се обезбедат значителни заштеди на електрична и топлинска енергија, ќе се намалат тековните трошоци за јавните установи и ќе се обезбедат значително подобри услови за учениците и спортистите.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025