Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 2 септември 2026, 10:02 ч.
Општина Могила започнува со реализација на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, чија примарна цел е подобрување на квалитетот на животот и овозможување достоинствен престој во сопствениот дом за лицата над 65-годишна возраст, како и за лицата со попреченост.
Услугата ќе ја спроведува Здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи „ЖРТВА“, кое поседува официјално Решение за вршење дејност во областа на социјалната заштита на територијата на општина Могила.
Градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски, истакна дека оваа иницијатива овозможува поголема самостојност и системска грижа за ранливите категории граѓани.
Во рамките на оваа социјална услуга, корисниците ќе ги добијат следниве видови поддршка:
Помош при одржување на личната хигиена, облекување и основни дневни активности
Подготовка или помош при подготовка на оброци
Одржување на хигината во домашните простории
Набавка на храна, лекови и други секојдневни потрепштини
Придружба при посети на здравствени и други јавни институции
Социјална поддршка, разговор и олеснување на вклученоста во локалната заедница.
Паралелно со почетокот на услугата, отворен е и повик за ангажирање заинтересирани негуватели и негувателки кои сакаат да работат на терен и да даваат грижа за корисниците во општина Могила.
Сите заинтересирани граѓани кои имаат потреба од користење на услугата или сакаат да се пријават како даватели на нега (негуватели), можат да се обратат кај координаторката Мери Јовановска на телефонскиот број 078 592 037.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025