Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Mозаиците во Хераклеа се откриени

Објавено: 14 мај 2026, 09:55 ч.

Mозаиците во Хераклеа се откриени

Мозаиците во Хераклеа се веќе откриени, соопшти Заводот Музеј Битола.

Да ја раскажеме единствената приказна за ова ретко културно наследство во нашиот град, а вреднувано и почитувано во меѓународни рамки, порачуваат од битолскиот музеј.

Хераклеа, главниот град на Линкестида, област во Горна Македонија, во непосредна близина на Битола, е еден од позначајните градови на античка Македонија. Нејзиното основање се доведува во врска со Филип 2, кон средината на 4 век пред н.е.

Низ своето илјадагодишно постоење и развој, овој град доживеал висок процвет во раноцарската римска епоха, а особено во ранохристијанскиот период. Во значителна мера тоа се должи и на неговата локација на прочуената сообраќајна артерија на римското царство – Виа Егнација. Благодарејќи на тоа, во Хераклеа ќе се вкрстосуваат најразлични влијанија од западните и источните покраини на римското царство, но при тоа таа никогаш нема да го изгуби својот автохтон карактер.

Сo обемните систематски археолошки истражувања превземени во последните децении, Хераклеа повторно на видело го покажува изгледот на својот урбан лик и неговиот развој низ етапите на еленистичкиот, римскиот и ранохристијанскиот период. Покрај бројните и разновидни остатоци од материјалната култура кои се откриваат, денес Хераклеа е позната и значајна со своите подни мозаици.

Иако досега откриените мозаици не се постари од доцнаантичкиот период, многу моменти од организацијата, мотивите и мозаичните технички укажуваат на еден подолг континуитет во развојот. Примерокот се приближува кон еленистичките и видливо кон класичниот римски мозаик, кое можеби укажува на моментот дека подниот мозаик во Хераклеа ќе се применува во поголема мера во римскиот период, веројатно некаде во раноцарската епоха. Според своите карактеристики, откриените мозаици може да се категоризираат во две групи. Првата група, изведени во најразновидни мозаични техники: опус сигнинум, опус сектиле, припаѓаат на доцноримскиот период, додека втората и многу позначајна група, каде доминира техниката опус теселатум го претставува ранохристијанскиот период.

Доцноримските мозаици се откриени во два профани објекти (вила или терми) надвор од градскиот бедем. Претставите се фигурални и геометриски, блиски до типот на класичните римски мозаици. Иако се наоѓа во еден сакрален христијански објект, во оваа група припаѓа и подот во техника опус сектиле од централниот кораб и олтарниот простор на малата базилика, како претставник на оваа техника, честа во профаните објекти од доцнаантичкиот период. Сите овие мозаици се датираат во 4 век.

Најстарите ранохристијански мозаици се со геометриски мотиви (петли, дијамантски крст, кругови кои се пресекуваат), како што се мозаиците од централниот брод и ѓакониконот на големата базилика и мозаикот од катехуменеумот. Co својата организација и мотиви, овие мозаици се надоврзуваат на претходната група. Комбинација на геометриски со фигурални мотиви имаме во претставите на мозаиците кај крстилницата и ексонартексот на малата базилика.

Најзначајната група мозаици досега откриени вo Хераклеа се ранохристијанските, со фигурални претстави во нартексот, бочните бродови и северната капела на големата базилика, како и мозаиците од четирите простории на епископската палата. И во овој случај во инспиративниот и развојниот момент, може да се осети преплетот од остатоците на еленистичката и римската уметност како и новата христијанска, со својот репертоар и симболика базирна на претходните. При ова видливи се моментите инспирирани од еленистичката книжевност, посебно таму каде имаме претстави на градини како што е случајот во нартексот на големата базилика или во претставата на мозаикот од одаја IV во епископската палата.

Истовремено забележливи се и влијанијата од Рим, Сирија и Александрија. Во најголем број случаи, кај оваа група мозаици имаме евхаристички претстави, винова лоза симбол на Христ, која излегува од пехар или кантарос најчесто фланкирана со елен и кошута како симбол на верниците и пауни како симбол на бесмртноста. Присутна е и темата на фонтана од која извира вода и каде животните елени, кошути и птици се напојуваат на изворот на животот, каков што е случајот со претставата во одаја II од епископската палата. Во сето ова провејува христијанската порака за приклонување кон Христовата наука, симболично претставена и преку сцените на ловот или пак претставите на христијанскиот рај преку пејсажот, како вечно место на праведниците, каде „и лавот ќе јаде слама како и волот“. Евхаристичките прикази, како симбол на високата сфера на царството божје, во својата основа ги експонираат прастарите примероци на уметноста, особено негувани и применувани во сасанидската уметност на таписеријата. Присуството на водените животни и водениот пејсаж укажува на остатоците од александриската еленистичка уметност инспирирана од пејсажот на Нил.

Co своите технички, уметнички, иконографски, стилски и симболични карактеристики, се издвојува претставата на мозаикот од нартексот на големата базилика, како извонреден пример на ранохристијанската уметност. Овој мозаик во целост ги сублимирал традициите од еленистичката уметност, посебно александриската, римскиот сликан пејсаж и сириските влијанија. Секако дека овој мозаик е дело на мозаичари кои вo Хераклеа дошле од позначаен културен центар. Тесните врски на хераклејската епископија со солунската архиепископија во овој период, може да укажува дека тие доаѓаат од Солун, но не е исклучена можноста, тие да се мозаичари од Константинополис, Антиохија или Александрија. Истовремено, големата употреба на вештачките пасти како мозаичен мaтeријал го приближуваат овој поден мозаик до ѕидните мозаици. Воочливо е, дека подоцните мозаичари кои ги изготвиле мозаиците во епископската палата, се инспирирале од овој мозаик. Тоа е видливо кај бордурата од апсидалната одаја и приказот на подот вo одаја 4.

Според досегашните сознанија, период на најзначаен развој на мозаикот во Хераклеа е петтиот и првата половина на шестиот век односно до крајот на период Јустинијан 1. Стилските и иконографските карактеристики на Хераклејските подни мозаици ги доближуваат до мозаиците во Стоби и Лихнидос (Охрид) во Македонија и Никополис вo стар Епир, кое можеби претставува едно уметничко подрачје. Истовремено, овие карактеристики укажуваат и на новата византиска уметност која е во својот зачеток.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми