Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 30 септември 2026, 10:21 ч.
Во Општина Новаци се одржа обука за зајакнување на капацитетите на земјоделците и за подобрување на управувањето со малите системи за наводнување, како подготовка за претстојната изградба на системот „Новаци – Добромири“.
Идните земјоделски површини ќе се снабдуваат со вода од акумулацијата „Суводол“, проект кој претставува клучна инвестиција за развојот на земјоделството во овој дел од Пелагонија. Проектот е поддржан со грант од Европската Унија преку ИПА-програмата, а неговата вредност изнесува приближно 90 милиони денари.
„За нас како Општина Новаци, ова е особено значаен проект кој е насочен кон обезбедување посигурни услови за земјоделско производство, поголема стабилност на приносите и намалување на зависноста од климатските услови. Значајно е што земјоделците се вклучени уште од подготвителната фаза за да создадеме одржлив модел кој одговара на реалните потреби“, истакна градоначалникот Стевче Стевановски.
Настанот е дел од проектот „Зајакнување на самоорганизацијата на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување во Северна Македонија“, исто така финансиран од ЕУ и спроведуван од „NTU International A/S“, во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и АД „Водостопанство“.
Од Општина Новаци порачуваат дека обезбедувањето повеќе вода значи посигурно земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и директно зајакнување на локалната економија.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025