Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 6 август 2026, 10:45 ч.
ЈКП „Комуналец“ – Прилеп упати сериозно предупредување до граѓаните дека повеќе нема да се толерира неправилното одлагање и мешање на отпадот во новоотвореното Собирно место, најавувајќи примена на сите законски мерки кон прекршителите.
Иако во изминатите два месеци од отворањето на собирното место Прилепчани покажаа голем интерес и информираност за правилно одлагање, од претпријатието реагираат на фрлање на мешан комунален отпад во контејнерите наменети исклучиво за текстил, и покрај јасно истакнатите ознаки за селекција.
Од „Комуналец“ уште еднаш потсетуваат за кои категории отпад е наменета оваа локација:
Електричен и електронски отпад (во соработка со „Ел Колект“): бела техника, мали апарати од домаќинството, ИТ опрема, сите видови светилки, неонки, монитори и компјутерски делови.
Текстилен отпад (во соработка со „Тексомак“): сите видови текстилна облека, перници и постелнина.
Стаклена амбалажа: шишиња и тегли, кои се одлагаат во специјализираните „Иглу“ контејнери.
Собирното место се наоѓа на ул. „Трајко Николоски“, веднаш пред гаражите на ЈКП „Комуналец“. Од комуналното претпријатие апелираат до сите жители совесно да ги користат контејнерите и правилно да селектираат, бидејќи тоа е мал чекор за секој поединец, но прави голема разлика за почист и позелен Прилеп.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025