Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 16 октомври 2026, 17:42 ч.
Жителите на селото Селце добиваат подобра и покритична патна инфраструктура со поставувањето на нов асфалт, што значително ќе ги подобри условите за живот и движење во ова населено место, соопшти градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски, посочувајќи дека реализацијата на овој проект е дел од заложбите за рамномерен развој на сите населени места и маала.
„Секое ветување е обврска, а секое населено место е исто толку важно. Ветивме дека ќе бидеме присутни во секое маало и населено место и тоа го исполнуваме со конкретни проекти и работа на терен“, истакна Проданоски.
Со новата патна инфраструктура се очекува подобрување на секојдневието на мештаните, полесен пристап до нивните домови и поголема безбедност во сообраќајот. Од локалната самоуправа најавуваат дека поддршката за сите населени места продолжува со исто темпо, чекор по чекор, со цел да се обезбедат подобри услови за живот за сите граѓани.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025