Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 14 јули 2026, 11:31 ч.
Летниот распуст во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола не значи пауза од активностите, туку период на интензивни подготовки и модернизација за претстојната училишна година. Училиштето деновиве започна со целосно опремување на кабинетот по германски јазик, проект кој директно ќе го подобри квалитетот на наставата и престојот на учениците.
Новата училишна опрема, која вклучува современи клупи и столчиња прилагодени за модерна интерактивна настава, е обезбедена преку донација од организацијата „Macedonia Schools Project“. Вкупната вредност на доделениот грант изнесува 2.500 американски долари.
Од раководството на училиштето упатија јавна благодарност до донаторите за поддршката и препознаениот труд.
„Искрено им благодариме за довербата и поддршката на Macedonia Schools Project. Ова е само почеток на една убава приказна. Наскоро со гордост ќе го презентираме финалниот изглед на новиот, инспиративен простор за учење“, истакнуваат од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“.
Со оваа инвестиција, училиштето продолжува да ги следи современите стандарди во образованието, создавајќи стимулирачка средина каде учениците со уште поголем мотив ќе ги изучуваат странските јазици. Првите часови по германски јазик во септември учениците ќе ги пречекаат во нов и модерен амбиент.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025