Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Нова пречистителна станица во село Добромири: Општина Новаци инвестира во современа канализација и зелена енергија

Објавено: 8 октомври 2026, 23:28 ч.

Нова пречистителна станица во село Добромири: Општина Новаци инвестира во современа канализација и зелена енергија

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, изврши увид во новоизградената пречистителна станица во селото Добромири, која е клучен дел од ново поставената канализациона мрежа во ова населено место.

Проектот претставува современо и одржливо решение за третман на отпадните води, со што директно се влијае врз заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на живот на мештаните.

Според информациите од општината, пречистителната станица е составена од повеќе функционални сегменти:собирна шахта со Имхофов таложник, биолошки реактор и песочен филтер, собирни шахти со бајпас преливи, две муљни пумпи и компресорска станица со два нископритисни компресори (капацитет од 50–100 м³/час).

Особена карактеристика на овој објект е неговата енергетска независност и еколошка компонента. За напојување на пумпите се инсталирани 10 фотоволтаични панели со поединечна моќност од 545 W. Со користењето на обновливи извори на енергија драстично се намалуваат трошоците за електрична енергија, овозможувајќи поевтина и поекономична експлоатација на целиот систем.

„Ова е уште еден пример дека во Општина Новаци инвестираме во инфраструктура која не значи само изградба, туку долгорочно и одржливо решение за граѓаните. Со новата канализациона мрежа и пречистителната станица, жителите на Добромири добиваат подобри услови за живот, а нашата општина прави уште еден значаен чекор кон почиста животна средина и зелена иднина“, истакна градоначалникот Стевановски.

Од Општина Новаци порачуваат дека продолжуваат со реализација на инфраструктурни проекти кои оставаат трајна вредност за идните генерации.

 Редакција
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми