Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Новаци да добие модерна теретана: Жителите го избраа победничкиот проект на финалната форумска сесија

Објавено: 3 октомври 2026, 10:36 ч.

Новаци да добие модерна теретана: Жителите го избраа победничкиот проект на финалната форумска сесија

Општина Новаци ја одржа четвртата и последна форумска сесија од проектниот форум во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“. На сесијата, која се одржа во општинската сала, зедоа активно учество бројни граѓани, претставници на месните заедници, јавните институции и граѓанските организации.

Преку отворен и транспарентен процес на гласање, граѓаните одлучија најголем приоритет и финансиска поддршка да добие предлог-проектот „Воспоставување и опремување на теретана во затворен простор во Општина Новаци“.

Новата спортско-рекреативна содржина произлегува од директната потреба на локалното население, со посебен фокус на младите. Проектот предвидува постоечка и целосно уредена општинска просторија да се опреми со модерна фитнес и кардио опрема, овозможувајќи им на жителите простор за физичка активност и рекреација во текот на целата година.

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, го истакна значењето на директното учество на заедницата во донесувањето одлуки. „Посебно значајно е што граѓаните директно учествуваа во изборот на проектот. Ова е суштината на форумскиот процес – заеднички да ги препознаеме потребите на заедницата и преку отворен и транспарентен процес да одлучиме во што ќе се вложуваат средствата. Гласот на граѓаните е патоказ за нашата Општина. Заедно одлучуваме, заедно создаваме подобри услови за живот во Новаци.“

Иницијативата има за цел да го поттикне здравиот начин на живот, социјалната инклузија и подобрувањето на општинската инфраструктура за сите генерации.

Проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“ се реализира со поддршка од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации.

 Редакција
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми