Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 29 август 2026, 08:03 ч.
Општина Новаци соопшти дека ќе обезбеди еднократна парична помош за сите ученици во основното образование за почетокот на новата учебна година. Одлуката беше донесена на последната седница на Советот на Општината, со цел да им се олесни септемврискиот буџет на семејствата со ученици.
Според донесената мерка, сите првачиња ќе добијат ваучер во вредност од 10.000 денари, додека за учениците од второ до деветто одделение е предвиден ваучер од 6.000 денари.
„Со оваа мерка сакаме да им помогнеме на родителите полесно да ги обезбедат потребните средства за почетокот на учебната година и да покажеме дека грижата за децата, образованието и поддршката на семејствата остануваат наш приоритет“, истакна градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025