Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Крај на патувањето за дечињата од „Буковски ливади“: Се гради новото подрачно училиште

Објавено: 9 јули 2026, 16:16 ч.

Крај на патувањето за дечињата од „Буковски ливади“: Се гради новото подрачно училиште

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска извршија увид во градежните активности со кои се реконструира објектот во населбата „Буковски ливади“, а кој ќе биде подрачно училиште на ООУ „Коле Канински“.

Според проектот на приземје и кат предвидени се 5 училници, заеднички простории, санитарни јазли, помошни простории и наставничка канцеларија, библиотека, медиотека. Вкупно изградена површина 400 м2. Вредноста на договорот е 31.470.403 денари.

Вовед во работа е направен на 22 мај 2026 година, а рокот на изведба е 270 денови.

„Дозволете ми во оваа прилика да истакнам дека во делот на образованието големи се вложувањата што ги прави и Општина Битола и Владата на Македонија. Особено радува фактот што после децении се случува би рекол револуционерен зафат во делот на училишната спортска инфраструктура.

Основните училишта во Општина Битола ќе добијат 24 спортски терени и типски сали, во 9 училишта во вкупна вредност на инвестицијата во спортската инфраструктура над 4,5 милиони евра.

Исто така Општина Битола со средства од општинскиот буџет ја започна реконструкцијата на спортските игралишта во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ за што се обезбедени средства во висина од 18.100.000 денари.

Модерни и современи, место каде во нормални услови учениците ќе изведуваат настава и ќе бидат место каде ќе го развиваат и градат спортскиот дух“ рече градоначалникот Коњановски. Тој се заблагодари и на премиерот и на Владата и Mинистерството за образование за одобрените проекти за изградба на спортски игралишта и типски училишни спортски сали преку вториот владин повик од унгарскиот кредит. Во најголем дел од нив реконструктивните активности се во тек, на една локација е завршено, а во дел во завршна фаза. Исто така градоначалникот потенцираше дека во досегашниот период Општината инвестираше во училишната инфраструктура во делот на енергетската ефикасност, фотоволтаични централи, замена на грејни системи, енергетски фасади.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека во Битола заедно со Владата и локалната самоуправа, министерството спроведува над 16 инфраструктурни објекти за подобро инклузивно образование и за подигнување на квалитетот на образованието.

„Секако дека не радува фактот дека некаде 80 и повеќе деца нема повеќе да патуваат, односно ќе заштедат време за да можат да се посветат повеќе на учењето, а секако и ќе се заштедат средства за нивното патување од ова место во централниот дел на градот. Добро е учениците да го стекнуваат своето образование во местото на живеење и добро е што воопшто имаме ученици и дека се повеќе ќе имаме вакви моменти“ рече министерката Јаневска.

Таа кажа дека Владата во овие две години во Битола вложува над 450 милиони денари и ја најави реконструкцијата на Студентскиот дом и на Ресурсниот центар во Битола. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека продолжуваат и понатаму да бидат посветени на испорачување на проекти и нагласи дека тоa e еден од врвните приоритети. „За жал изминативе децении направени се многу пропусти и за жал ги немаме сите ресурси на светот за да можеме сите тие пропусти да ги санираме, но се трудиме да работиме по приоритети и еден по еден да ги решаваме, а притоа да не создаваме нови проблеми, што се вели да работиме, да го оставиме срцето на терен, кој работи понекогаш и греши. Јас сакам однапред да се извинам за по некоја грешка која што ќе се направи во текот на работењето. Не греши само оној кој што ништо не работи. Во политиката има и такви кои се навикнати на гледање сеир, наместо да ги засукаат ракавите и да направат нешто за граѓаните, но тие секогаш ќе останат на маргините на политичката сцена и ќе бидат дел од естрадата, а ние кои што сме ги засукале ракавите и сме влегле во решавање на проблемите ќе продолжиме и понатаму да работиме“ рече премиерот Мицкоски.

Премиерот му честиташе на градоначалникот на општината, изрази благодарност и до советниците кои што ја поддржуваат работата на градоначалникот и на администрацијата, како и на пратениците од Битола за кои рече дека се борат за проект повеќе да биде реализиран и инвестиран во Битола.

Исто така истакна дека за него и Владата, Битола е еден од главните приоритети и ќе остане да биде еден од главните приоритети во иднина.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми