Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 5 август 2026, 19:55 ч.
Зоолошката градина во Битола соопшти дека успешно е завршена изградбата на едно специјално дизајнирано, современо живеалиште, наменето за пернестите жители на градината.
Главната атракција на ова ново опремено катче ќе бидат двете нови единки од егзотичниот вид Жако папагали (African Grey), чија набавка е веќе договорена. Наскоро, овие фасцинантни птици ќе се вселат во својот нов, раскошен дом, велат од золошката.
Додаваат дека проектот за новото живеалиште е изработен по најсовремени стандарди, со цел да им се обезбеди врвна удобност, безбедност и оптимални услови за живот кои целосно ги задоволуваат високите биолошки и етолошки потреби на овој вид. Живеалиштето е уредено со внимателно одбрани безбедни дрвени материјали и вегетација, создавајќи атмосфера на автентична тропска оаза.
Дизајниран со оптимални димензии за слободно движење, качување, игра, па и социјална интеракција, просторот им овозможува на птиците да го развиваат своето типично однесување.
Стандардите при изградбата гарантираат максимална заштита на птиците, како и лесно одржување и хигиена, што е од витално значење за нивното здравје, појаснуваат од управата.
Зоолошката градина ги повикува сите свои посетители да ја следат оваа интересна приказна во продолжение. Наскоро се очекува споделување на детали од финалната изведба, уредувањето и, секако, највозбудливиот момент – свечениот пречек на новите „цимери“! Подгответе се за егзотично доживување во Битола!
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025