Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 25 февруари 2026, 14:03 ч.
Додека расте бројот на кучиња скитници и бројот на лица кои пријавиле напад или каснување од куче скитник, а општините исплаќаат дебели суми за оштета, граѓаните не само што бараат решавање на проблемот со кучиња скитници туку дел од нив преку граѓанските здруженија се обидуваат да придонесат за решение.
Еден таков позитивен пример доаѓа од Битола. РЕК БИТОЛА И Daisy Family Rescue заедно влегуваат во акција за решавање на проблемот со бездомните кучиња.
Десетина бездомни кучиња во Рудникот Брод – Гнеотино и околу објектот на Термоелектраните на РЕК Битола беа заловени со цел стерилизација и кастрација. Овој хуман пристап има за цел да го намали бројот на бездомни кучиња и да осигури побезбедна средина за сите вработени во РЕК Битола.
Како општествено одговорна компанија РЕК Битола поддржува иницијативи важни за заедницата. Овој пат РЕК Битола се вклучи во решавање на проблемот со бездомните кучиња во кругот на комбинатот.
“РЕК Битола во соработка со организацијата Daisy Family Rescue започна акција за стерилизација и кастрација на кучиња во кругот на комбинатот. Волонтери од организацијата, заедно со стручни лица од ветеринарната амбуланта “Зебра Ветерина” од Демир Хисар деновиве заловија десетина бездомни кучиња во Рудникот Брод – Гнеотино и околу објектот на Термоелектраните на РЕК Битола. Заради површината на РЕК Битола и бројот на бездомни кучиња во кругот на комбинатот, акцијата ќе биде реализирана во неколку наврати.“-соопштија од АД ЕСМ.
Целта на ваквата акција е преку хуман пристап да се влијае на намалување на процесот на неконтролирано размножување на уличните кучиња. Истовремено преку ставање на ситуацијата под контрола се настојува да се влијае на безбедноста на сите кои потенцијално можат да дојдат во контакт со овие куќиња.
„Овој хуман пристап има за цел да го намали бројот на бездомни кучиња преку спречување на непотребните легла, односно размножување и прогресивно зголемување на нивниот број, со што ќе придонесеме кон побезбедна средина за сите вработени во РЕК Битола и би се спречиле понатамошни несакани ситуации.“-велат од АД ЕСМ.
Организацијата Daisy Family Rescue е формирана во 2016 година, а во октомври 2023 година ја започна кампањата за бесплатна стерилизација и кастрација на кучиња од која дел е и РЕК Битола.
Ваквите акции се од исклучително значење за решавање на проблемот со бездомните кучиња, бидејќи поради неконтролирано размножување нивниот број се зголемува до таа мера што присуството на овие животни станува проблем за локацијата каде се движат и живеат.
Инаку, кастрацијата и стерилизацијата изминативе години станува се попопуларна интервенција, за која се решаваат дури и сопствениците на мачки и кучиња, чувани во домашни услови. Со ваквиот процес, освен што се исклучува размножувањето, исто така се намалува и агресивноста кај животните. Ова е особено важно од аспект на безбедноста на луѓето, бидејќи во последните години со зголемувањето на бројот на бездомните кучиња расте и бројот на лица кои биле каснати од куче на различни локации низ целата земја.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025