Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 2 јуни 2026, 16:29 ч.
Министерството за транспорт и врски донесе одлука според која се забранува возење скутери во Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро од 1 јули до 31 август. Забраната ќе важи од 11 до 19 часот, заради како што поголема безбедност на капачите, велат од Министерството.
Со новата одлука на Министерството се забранува и пловидба на чамци навечер. Односно, од 3 јуни до 31 август забраната ќе биде од 21 до 5 часот, од 1 септември од 20 до 6 часот и од 1-31 октомври од 19 до 6 часот.
„Оваа Одлука се носи со цел намалување на ризикот од несреќи, спречување на загрозување на безбедноста на капачите и зачувување на јавниот ред на езерата. Исто така, информираме дека надлежните служби ќе вршат засилени контроли и за непочитување на пропишаните ограничувања ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи“, велат од Министерството.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025