Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Зрели лубеници и сочни тикви, јаболки и круши - Од училишната градина директно на трпеза, идните земјоделски агрономи ги покажаа вештините

Објавено: 25 септември 2026, 13:17 ч.

Зрели лубеници и сочни тикви, јаболки и круши - Од училишната градина директно на трпеза, идните земјоделски агрономи ги покажаа вештините

Стручното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ од Битола уште еднаш ја покажа на дело успешноста на практичната настава. Денеска ги покажаа свежо собраните зрели плодови од училишното стопанство, крунисувајќи ги месеците вложен труд, знаење и посветеност.

Богатиот род кој годинава го одгледаа опфаќа сочни црвени лубеници, портокалови и украсни зелени тикви, како и свежи круши и јаболка. Преку паролата „Од нашата градина – на трпеза!“, од училиштето истакнуваат дека практичната работа е клучниот столб во образованието на идните земјоделски агрономи и техничари.

„Денови исполнети со труд, знаење и практична работа. Денес ги береме плодовите на нашата работа во училишното стопанство. Учиме. Одгледуваме. Создаваме“, објавија од СОЗУ „Кузман Шапкарев“, споделувајќи фотографии од зрелите плодови.

Ова училишно стопанство веќе со години служи како реален полигон каде средношколците теориите од училница ги преточуваат во конкретни вештини на терен — од подготовка на земјиштето и садење, преку нега на културите, сè до финалната берба.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми