Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 20 јули 2026, 12:30 ч.
Во пријатниот амбиент на „Порта Џез“ во Битола, се одржа свечена презентација под наслов „Од едукација до пракса“, која направи детален осврт на значајните постигнувања и плодната работа на Анима – Центар за личен развој, едукација и психотерапија.
Настанот беше заокружување на една исклучително активна година исполнета со едукации, работилници и општествено одговорни проекти. Модератор на целиот настан беше м-р Марија Младеновска - Димитровска, која со својата пригодна реч го збогати ова значајно одбележување.
Поглед на активностите, статистиката и новите стручни изданија
Присутните имаа можност да се запознаат со бројните работилници кои Центарот ги организираше во изминатиот период (покрај својата редовна едукациска програма), како и со успешните соработки остварени со други значајни организации во регионот.
Во рамките на официјалниот дел споделени беа информации за новиот прирачник на проф. д-р Сашо Кочанковски, кој се фокусира на гешталтистичкиот пристап во работата со младите.
Јовче Крстески даде краток преглед на елементарните статистички податоци за работата на Центарот во изминатата година, со посебен акцент на обезбедените бесплатни термини за советување на граѓаните.
Свечено доделување на сертификати и благодарници
Најсвечениот дел од настанот беше посветен на трудот и успехот на едукантите и соработниците:
Обука за психолошко тестирање: Беа доделени сертификати на оние кои ја комплетираа обуката „Спроведување на психолошко тестирање и изготвување на психолошки наод и мислење со младо и возрасни“, под менторство на проф. д-р Сашо Кочанковски, Даниела Несторовска и Јована Новеска.
Гешталт советници (I степен): Вера Димоска ги додели сертификатите за завршен прв степен на едукантите Ана Настевска и Викторија Тодоровска.
Гешталт психотерапевти (II степен): Сертификати за завршен втор степен од едукацијата добија д-р Марина Кузмановска и Марија Трајкоски.
Голем успех за Центарот
Модератор на целиот настан беше М-р Марија Младеновска - Димитровска која со пригодна реч го збогати ова одбележување на активна година исполнета со едукација, работилници и едно од најважните постигнувања на Центарот, а тоа е акредитирањето од страна на Европската Асоцијација за Гешталт Терапија (ЕАГТ). Сите едуканти кои завршуваат Гешталт психотерапија низ програмата на Анима - Центарот се сертифицирани за работа на европско ниво.
На крајот од настанот, Центарот додели и благодарници на своите долгогодишни соработници, со чија несебична помош и поддршка се реализираа голем дел од споменатите активности.
Од „Анима“ порачуваат дека тука не застануваат. Центарот продолжува со својата мисија – збогатување на професионалното искуство на едукантите и нудење квалитетни можности за советување на граѓаните на Битола и регионот. По летниот период, Центарот ги отвора вратите за нови предизвици и нови успеси.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025