Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 27 септември 2026, 12:37 ч.
Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп упати јавен апел до дуќанџиите, деловниот сектор и граѓаните за итно прекинување на праксата за несоодветно одлагање отпад на јавните површини, соопштувајќи дека од месец ноември ќе започне со поднесување пријави до општинскиот инспекторат.
Од претпријатието реагираат дека на Булеварот и понатаму се бележи појава на оставање отпад директно на тротоарите пред деловните објекти во сите делови од денот и ноќта. Иако сопствениците во повеќе наврати биле јавно повикувани и лично посетени со насоки отпадот самостојно да го одлагаат во најблиските контејнери, ситуацијата на терен останува непроменета.
Од ЈКП „Комуналец“ најавуваат дека во текот на следната недела уште еднаш ќе ги информираат сопствениците на локалните бизниси за нивните обврски, по што ќе следат конкретни пријави за санкционирање до надлежниот инспекторат, сè со цел поддршка на кампањата „Чисто е убаво“ и зачувување на хигиената во градот.
Дека проблемот со комуналната хигиена зема замав во сè побизарни форми потврдува и вчерашниот случај во самиот центар на градот, пред објектот на Участакот, каде што комуналните работници пронашле фрлена тоалетна школка на јавна површина.
Фотографии: Комуналец Прилеп
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025