Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 17 август 2026, 13:28 ч.
По повеќегодишно паузирање, паркот кај Основниот суд во Прилеп – меѓу граѓаните познат тaкму како „паркот кај пајките“ – повторно го доби својот препознатлив белег. Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп известија дека двете езерца градени со природен камен повторно се населени со овој благороден вид диви патки.
Покрај тоа што донесоа голема радост за најмладите минувачи и претставуваат вистински естетски украс за еден од најпосетените паркови во градот, пајките имаат и важна еколошка улога како природен чистач на водата во езерцата.
Од ЈКП „Комуналец“ упатуваат апел до сите прилепчани и посетители на паркот да бидат внимателни и одговорни, со цел да им се овозможи на патките мирно да се прилагодат и навикнат на своето ново живеалиште.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025