Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Ни требаат млади луѓе кои создават вредност, луѓе со професија, занает и идеи -порака од панелот Занает и високо образование

Објавено: 5 септември 2026, 13:32 ч.

Ни требаат млади луѓе кои создават вредност, луѓе со професија, занает и идеи -порака од панелот Занает и високо образование

Локалниот младински совет на Општина Битола организираше панел дискусија каде претставници од високообразовните институции и успешни компании разговараа за можностите што ги очекуваат младите од нивното студирање до кариера.

Темата на панел дискусијата беше „Занает и високо образование: Конкуренти или сојузници? Панелисти беа проф. д-р Никола Рендевски (ФИКТ), Едмонд Весели (Агнеса) и Марјан Бакревски (пиво ,,БАК”).

„Ни требаат млади луѓе кои создават вредност. Луѓе со професија, занает и идеи. Луѓе кои можат да кажат: Јас знам, јас умеам, јас можам. Tаквите луѓе тешко се контролираат, затоа што нивната егзистенција не зависи од политиката. Тие имаат сопствен став, достоинство и слобода да кажат „не“. Единствено така ќе создадеме општество какво што сакаме и заслужуваме“ вели професорот Рендевски.

„Ако занаетот и високото образование се конкуренти, тогаш губиме сите. Прашањето не треба да биде кој ќе победи, туку дали и колку соработуваат“ вели Весели.

„Со посветеност во работата преку приватниот сектор, можеш да го уредиш светот околу себе по сопствена волја“ смета Бакревски. Настанот ги обедини високото образование, приватниот сектор и занаетот.

Локалниот младински совет на Општина Битола, кој е организатор на настанот, е претставничко тело на младите во Општина Битола, формирано согласно Законот за младинско учество и младински политики. Советот има советодавна улога и претставува мост помеѓу младите и локалната самоуправа, со цел унапредување на младинските политики и подобрување на условите за живот на младите во општината.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми