Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 21 септември 2026, 13:09 ч.
Прилепското јавно комунално претпријатие „Комуналец“ повторно интервенираше на патот кон селото Дабница, каде што по четврти пат од почетокот на годината се расчистуваше голема дива депонија сместена во непосредна близина на локалното споменично обележје.
Акцијата се спроведе во пресрет на одбележувањето на 84-годишнината од масакрот во Дабница. Со цел темелно да се уреди овој простор, претпријатието ангажираше градежна механизација, транспортни возила и комунални работници, при што огромни количини собран отпад беа транспортирани до депонијата во Алинци.
И покрај тоа што станува збор за локација со големо историско и емотивно значење за граѓаните на Прилеп, несовесните поединци продолжуваат со години наназад да одлагаат смет до самиот споменик.
Од ЈКП „Комуналец“ истакнуваат дека досегашните апели и зачестени акции за чистење не даваат долгорочни резултати, бидејќи исчистените површини за многу кратко време повторно се претвораат во диви депонии.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025