Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 17 септември 2026, 14:24 ч.
Прифатилиштето за кучиња „Хачико“ од Битола упати известување до граѓаните поради зачестените претставки за напади и инциденти предизвикани од сопственички кучиња, кои се движат по јавните површини без соодветен надзор.
Според информациите од прифатилиштето, во голем број од регистрираните случаи станува збор за кучиња (со или без микрочип) кои сопствениците самостојно ги пуштаат на улица, најчесто во раните утрински часови или доцна навечер.
Сопствениците се потсетуваат дека пуштањето на кучето без надзор ја загрозува неговата лична безбедност, но и безбедноста на минувачите и останатите животни.
Секое сопственичко куче кое ќе биде заловено на јавна површина без надзор ќе подлежи на законски одредби, а на сопственикот ќе му биде изречена соодветна казна согласно важечките прописи.
Прифатилиштето апелира за доследно почитување на законските обврски, нагласувајќи дека одговорното сопствеништво е задолжителна обврска за секој сопственик на миленик.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025