Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 16 јули 2026, 12:33 ч.
Во пресрет на петтото, јубилејно издание на популарниот „Фестивал на жетвата – Новаци 2026“, Општина Новаци успешно го заокружи проектот за уредување на просторот каде што традиционално се одржува оваа манифестација. Со средства од општинскиот буџет, комплетно е поплочено платото со вкупна површина од 2.000 квадратни метри.
Како што информираше градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, со оваа капитална инвестиција значително се подобрува функционалноста и естетскиот изглед на просторот, со што се создаваат далеку подобри услови за учесниците, посетителите и за сите љубители на фестивалските содржини.
„Подготовките се во завршна фаза, а со ова уредување на просторот обезбедуваме достоинствени услови за сите гости. Ве очекуваме заедно да го прославиме 5-тиот, јубилеен Фестивал на жетвата – Новаци 2026 и да уживаме во богатата програма, добрата музика, традиционалните вкусови и незаборавната атмосфера,“ истакна градоначалникот Стевановски.
Овој фестивал веќе пет години по ред претставува клучен настан за регионот, успешно негувајќи ја традицијата, земјоделството и богатото културно наследство на Општина Новаци и Пелагонија. Организаторите најавуваат одлична програма и ги повикуваат сите граѓани да бидат дел од годинешното јубилејно празнување на трудот и традицијата.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025